речник контакт

Велешанец уапсен со 4 кг марихуана во Битола

Марихуаната била пронајдена во возилото ,,мазда, на Д.Д. (38 год)

Петар Печков

Велешанец е уапсен во  Битола со 4 кг марихуана. Изречен му е притвор и се гони  за  кривичното дело  ,,  Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,,.

Вторникот на  6-ти август по претходно обезбедени оперативни сознанија на влезот во Битола сопрено е патничко моторно возило “Мазда“ со велешки регистарски таблички, управувано од Д.Д. (38) од Велес, и при извршениот преглед во возилото пронајдена е марихуана, како и три полиетиленски пакувања со бела прашкаста материја. Одземените дрога е предадена на ОКТИВ при МВР за вештачење. Покрај ова, вчера по издадена наредба од судија на претходна постапка при Основен суд Велес, беше извршен и претрес во дом и други простории кај Д.Д. при што пронајдена и одземена е марихуана - информираа од МВР. 

 Основното јавно обвинителство Битола донело  наредба за спроведување истражна постапка против велешанецот Д.Д. 

Осомничениот 38-годишен жител на Велес, на 6 август, неовластено заради продажба во својот автомобил превезувал 4.223,39 грама наркотична дрога марихуана и 1,98 грама амфетамин. Дрогата била откриена при сообраќајна контрола на неговото возило, во близина на една бензинска пумпа на патниот правец А3 Ресен- Битола. Надлежен јавен обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи, до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Битола достави и Предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и на осомничениот му изрече притвор во траење од 30 дена - информираа од ОЈО Битола. 

АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »