речник контакт

Велешанец фатен на дело како краде кристали ,,Сваровски,,

Дваесет годишниот У.Ф. заработи мерка притвор од месец дена откако бил фатен на дело како во дом на скопјанец краде кристали ,,сваровски,,

Петар Печков

Настанот се случил во понеделникот во Скопје, во наслеба Карпош. Полицијата   утврдила дека на 24.05.2010 год. околу 18,00 часот, на ул.„1010„ во  Скопје во куќата на Н.К. велешанецот У.Ф. ( 20 год) делото го извршил  на тој начин што  додека оштетената била во дневната соба, влегол преку незаклучената врата и од просторијата спроти дневната соба од кутијата за накит пронашол и украл еден прстен од бело злато со кристали „Сваровски“. 

Притоа  бил затекнат од оштетената која го фатила за облеката и почнала  да бара помош од соседите, по што истиот ја турнал и успеал да избега. Од страна на СВР Скопје во врска со тоа против У.Ф. е  поднесена кривична пријава за Разбојничка кражба , по што од страна на Истражен судија му е одредена мерка притвор од 30 дена.

АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »