речник контакт

Велешани бараа одговори за Мој ДДВ

Во рамките на кампањата на УЈП, беше посетен и Велес се делеа флаери за како да се реализира правото на поврат на 15% од ДДВ но и се одговораше на дилемите кои граѓаните ги имаат за овој проект

Петар Печков

Потрошувачите кои во неделата напладне го посетија маркетот ,,Жито Ване,, во населбата Тунел, имаа можност од прва рака да добијат информации за ,,Мој ДДВ,,.

Во рамките на кампањата на УЈП, беше посетен и Велес а на присутните им се делеа флаери  за како да се реализира ова право но и се даваа одговори на дилемите кои граѓаните ги имаат за овој проект на Министерството за финансии, за поврат на средства на граѓаните.  

Ова е проект кој заслужува секакви пофалби. Важен е за граѓаните кои ќе можат да  повратат дел до средствата кои ги плаќаат како ДДВ. Тоа е важно за скромниот семеен буџет на граѓаните.  Овој проект има и друг бенефит. Со редовното издавање на фискалните сметки, се полни Буџетот и се сузбива сивата економија. Со полн буџет ќе има можност за изградба на инфраструктура,- патишта, водовод, канализација така ќе се подобрат условите за живот на граѓаните - порача градоначалникот Аце Коевски.

Од УЈП информираа дека заклучно до 17 јули граѓаните преку мерката „Мој ДДВ“ скенирале над 3,5 милиони фискални сметки. За сите нејаснотии упатуваат на шалтерите на УЈП во места на живеење, каде вработниет ќе им помогнат на граѓаните за сите потребни активности. 

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »