речник контакт

Велешани во клучна битка за иднината на градот, без Топилница

Зелената коалиција, составена од 10-тина граѓански здруженија и Општина Велес, поведоа иницијатива за промена на Деталниот урбанистички план на локалитетот на Топилницата.

Петар Печков

Зелената коалиција, составена од 10-тина граѓански здруженија и Општина Велес, поведоа иницијатива за промена на Деталниот урбанистички план на локалитетот на Топилницата. Со ова се предлага просторот да се пренамени за изградба на станбен комплекс а Топилнцита да се дислоцира.

Со ова треба да се реши конечно 30 годишниот проблем на велешани со загадувањето и тешките болести кои ги донесе Топилница.

Овој предлог е на дневен ред на Сединицата закажана за 30-ти јануари, среда. За повеќето жители на Велес, ове ќе биде историски момент, бидејќи доколку се донесе таква одлука тогаш Топилницта не ќе може повеќе тука да работи.

Со оваа иницијатива запознаени се и претседаделот на државата, премиерот и претставникот на ЕУ во Македонија Ерван Фуере. Тој при неговата посета на Велес изјави дека не би сакал да живее во место каде сосед му е таков загадувач. Од друга страна пак претставниците на Ептиса, шпанска консултанска фирма, недомна изјавија дека Топилница и по пет години од престанокот на работата  не е прописно зтворена. Потенцираа дека таа треба да се сруши, а досега од тешките метали  кои се на зградата и објектите, и натаму го загадува Велес  при секој дожд и ветер. 

Останува на 23-те  членови на Советот да покажат колку се навистина пред се граѓани на Велес а помалку припадници на партија, бидјеќи на повеќето за една година им завршува мандатот и во зависност од тоа што ќе изгласаат, како по нивното кревање на рака, ќе минат по велешките улици во годините што доаѓаат. Ќе ни ја остават Топилница за нашите и нивни  поколенија или бидат свесни за што решаваат.

Ова се нивните мобилни телефони, кои им се плаќаат од општинскиот буџет, значи наши пари на граѓаните и доколку чувствувате дека треба да им испратите порака, да ги потсетите на нивните граѓански  а не партиски обврски, можете да го сторите тоа на:
  • Данчо Стојановски  071 237 539
  • Стојна Трајкова 071 237 546
  • Славчо Чадиев 071 237 538          
  • Ацо Петров 071 237 545
  • Оливер Гашев 071 237 537                          
  • Сафет Јакупи 071 237 544
  • Ангел Сараулев 071 237 536                
  • Пандорка Настева 071 237 543
  • Весна Џајкова 071 237 535                        
  • Никола Нацев   071 237 541
  • Фехим Јусовиќ 071 237 534                  
  • Александар Колев 071 237 554
  • Марина Мијајлевска 071 237 533             
  • Атанас Василев 071 237 552
  • Дејан Гавазов 071 237 532      
  • Весна Стојанова Богоевска 071 237 553
  • Валентина Делиманчева Андреева 071 237 549
  • Зоран Ѓуровски 071 237 548                   
  • Бејхан Мемедов 071 237 551
  • Блажо Атанасов 071 237 547     
  • Томе Јаневски 071 237 556
  • Трајко Бабунски 071 237 665  
  • Ефтимија Карбева Лукарова 071 237 543

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »