речник контакт

Велешани во редица за проверка на стажот во ПИОМ

Проектот „ДЕН ЗА ВАС“ претставен и пред велешани. Повеќе од двеста лица за три часа, од 11 до 14ч. побараа увид

Петар Печков

Голем интерес на велешани за проверка на нивниот  впишан стаж во Фондот на ПИОМ. На плоштадот Сармаале  повеќе од двеста лица  за три часа, од 11 до 14ч. побараа на  увид, колку работен стаж имаат запишано.  Оваа активноста  насловена „ДЕН ЗА ВАС“,  ја реализира  Министерството за труд и социјална политика, Фондот на ПИОМ и Агенцијата за супервизија на капиталното финансирано пензиско осигурување (МАПАС).

На овој начин  сакаме да им  помогнеме  на граѓаните за нивните права од пензиското и инвалидско осигурување, заради олеснување на пристапот до институциите и подигање на ефикасноста на јавната администрација. Со Проектот „ДЕН ЗА ВАС“, се овозможува навремено информирање на осигурениците за состојбата со стажот и платите врз основа на кои се остваруваат правата од пензиското и инвалидско осигурување, како и ефективно учество на институциите во комплетирањето на тие податоци. Ова е доказ дека јавната администрација претставува сервис на граѓаните во обезбедувањето на социјалната сигурност – изјави Славица Калаџиева раководител на филијалата на Фондот за ПИОМ во Велес. 

На пунктот, граѓаните само со лична карта можеа да извршат проверка на нивниот стаж на осигурување и други податоци од ПИО, како и да добијат известување во хартиена форма, а се информираа и за прашањата поврзани со Првиот и Вториот пензиски столб. Согласно донесените измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, Фондот на ПИОМ, од наредната година има обврска да доставува податоци за стаж на осигурување и плати за секој осигуреник.

Во почеток, овие податоци ќе се доставуваат по електронски пат преку работодавачот кој е и обврзник за доставување податоци што се водат во Матичната евиденција на Фондот. Од јуни 2015 година, Фондот ќе има законска обврска да овозможи електронски пристап во увидот на податоците за стаж и плати, при што, ќе се применуваат прописите со кои се уредува заштитата на личните податоци – изјави Калајџиева.

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »