речник контакт

Велешани ги испразнија домовите од габаритен отпад

110- семејства приајвиле потреба да собирање на габаритен отпад, најмногу каучи, душеци и телевизори. Наместо еден акцијата траше два месеци

Петар Печков

Акцијата за собирање на габаритен отпад во Велес  траеше еден месец но тој  се собираше два.При ова од домовите, велешани најмногу фрлиле каучи, душеци и телевизори. Ова е ефектот од големата  пролетна  акција за собирање на габаритен отпад, која се реализираше од 10-ти до 30 април годинава.

Таа според организаторите локалната власт и велешките комуналци,   завршила со неочекувано голем интерес кај граѓаните.  Пријавите кои ги добиле за еден месец април, морале да ги извршат и во текот на   мај.  

Во оваа акција 111 домаќинства пријавијле до ЈКП Дервен потреба од собирање на габаритен отпад, по што тие извршиле  превземање на отпадот од нивните домови, негов транспорт до општинската комунална депонија и соодветно постапување со истиот.

Бидејќи основното мото во постапувањето со отпадот е “Редуцирај-реупотреби-рециклирај”, дел од собраниот габаритен отпад е даден на 5 лица со низок социјален статус за негово користење/реупотреба -   информираше Дуњамин Мехмед портпарол на Општина Велес.  

Во акцијата се собрани 32 каучи, 5 спални, 1 кујна, 36 душеци, 21 фотеља, 15 столови, 12 врати, 18 прозори, 10 теписи, 4 ролетни, 7 витрини, 3 троседи, 4 шкафчиња, 2 кади, 2 wc школки, 7 дрвенарии, 2 детски колички, 2 сервиси, 1 закачалка и броен ситен домашен инвентар. Во рамките на истата, а со цел да излезе во пресрет на граѓаните се  изврши собрање и на пријавениот електричен отпад при што се собрани 21 телевизор, 7 фрижидери, 5 шпорети, 2 печки, 2 микровални, 2 правосмукалки, 1 машина за перење, 9 бојлери.

Тие се  наоѓаат  во депото за времено складирање на електричен и електронски отпад се до нивно предавање на овластен колективен постапувач. Сите оние кои ја пропуштија можноста да се пријават во оваа акција, од локалната власт  најавуваат дека следната  ќе ја  имаат  догодина.

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »