речник контакт

Велешани ги пречекаа ракометните ,,Гемиџии,,

Пречек за репрезентативците Темелков и Манасков

Петар Печков

Стотици велешани пред општинската зграда им приредија пречек на ракометните репрезентативци кои се од Велес, Влатко Темелков и Дејан Манасков, кои за нив се новите,,Гемиџии,,. Скандирајќи ги нивните имиња и пеејќи ја ,,Излези момче,,  велешани им кажаа големо благодарам за се што сторија изминатите две седмици, да се чувствуваме горди што сме македонци и да се радуваме на нивните победи. Ги поистоветија со славните Гемиџии кои се ,,арчеа за Македонија,, исто како што овие двајца гинеа на теренот за државната селекција.

Ако македонската репрезентација на ова првенство воскресна како птицата Феникс од пепелта, тогаш нејзини крилја беа Темелков и Манасков, кои играат на позицијата десно и лево крило. Две недели живеевме за нивните настапи,се радувавме на победите и тагувавме по малкуте неуспеси – изјави градоначалникот Горан Петров.Тој на Влатко и Дејан им подари по една резба.

Десното крило Влатко Темелков, кој  постигна 15 гола, за овие две седмици ослабел 6 килограми.

Беше многу напорно и се чувствувам уморен по ова првенство. Едвај чекам да си одам за Луксембург, бидејќи 45 дена не сум го видел семејството, сопругата и двете деца. Им благодарам на навивачите што ни помогнаа да стигнеме до овој успех, петти во Европа. Но тука не застануваме, одиме на лето во Лондон на ОИ и до година во Шпанија на СП – рече Темелков. Тој се заблагодари на медицинскиот третман на екипата од болницата ,,Систина,, дел од репрезентацијата,   со чија помош успевале да се вратат по напорните средби.

Дејан Манасков кој на ова првенство го имаше сефтето во репрезентативниот дрес постиган 4 гола и покажа дека во него е иднината на македонскиот ракомет.

Победија другарството и заедништвото, што го имаме во репрезентацијата. Нема да го заборавам промашувањето против германците, но ниту тоа не им помогна да стигнат на Олимпските игри во Лондон – рече Дејан Манасков.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »