речник контакт

Велешани мака мачат да стигнат до Скопје

Железничкиот сообраќај во прекин, гужви на автобуската, дивите таксисти возат и за 250 до Скопје

Петар Печков

Железничкиот сообраќај во Велес во прекин, велешани мака мачат да стигнат до Скопје на работа, факултет, училиште или на  лекар. Последиците од железничката несреќа која се случи во неделата попладне  велешани најсилно ја чувствуваат. Бројните патници кои ги користат услугите на железницата, мораа да бараат алтернативен превоз со автобус. Затоа утрово  на Автобуската  имало гужва и редици за да се најде слободно место  и да се стигне до Скопје.

Чекавме  по половина час, некои и повеќе за да се качиме на автобус. Имаше гужва, многу патници, сега сите  со автобус мораме да стигнеме на време на работа, учениците и студентите на настава. Згора на тоа понеделник е кога секогаш има поголем број патници. Некои мораа да се возат и со дивите таксисти. Тие пак начекаа и бараа и по 250 денари за до Скопје, иако редовната цена која тие ја наплатуваат е 150. Некои болни брзаа за на договорен термин во Клиниките во Скопје. Беше мачно да се качиш, сите имаа свои важни аргументи за да стигнат што побрзо до Скопје  – вели велешанец кој работи во Скопје. 

Секој ден од Велес за Скопје повеќе од 500 патници ги користат месечните билети на железница. Сега исто толку луѓе мораа да се превезуваат до главниот град со автобуси.  Железница не организирала повеќе превоз за нејзините корисници на  месечни билети. Тоа се случи само во неделата навечер.  

  Пет преполни  автобуси со патници од Скопје и двата воза кон Гевгелија и Битола,  беа префрлени до Велес а од тука преземени патниците кои чекаа трпеливо на железничката станица во Велес од возовите од Гевгелија и Битола.   Затоа пак 30-тина патници кои се враќаат за Велес со последниот воз во 22,40 чекале повеќе од час за да дојде автобус и ги превезе за дома.

Иако ни ветија дека ќе не префрлат со автобус за Велес  превоз немаше, ни рекоа да се  снаоѓаме како знаеме. А каде и што да се прави на полноќ, нема ниту автобуси. По нашите реакции дојде мини бус и  по час и нешто нервоза, пред полноќ тргнавме а дома стигнавме околу еден – велат патниците од Велес кои  ги користа услугите на ЈП МЖ. 

  И жителите од Азот, од  станиците од Богомила до Чашка немаа превоз. Тоа  за нив е единствена врска со светот, оти немаат редовна  автобуска линија. Затоа морале да се  само организираат и  да допатуваат до Велес а потоа кој како ќе се снајде.   До ваков метеж дојде откако во неделата вечер  околу17,40 часот на железничката станица Рајко Жинзифов се случи сообраќајна несреќа во која учествуваа два воза, еден патнички и еден товарен. И двата сообраќале во правецот кон Велес. Кондуктерот и машиновозачот завршиле на Клинички во Скопје со полесни повреди.

Железничкиот сообраќај се уште е во прекин по синоќешниот судaр на товарен и патнички воз на пругата Скопје - Велес, но се работи на нормализирање на сообраќајот, изјави за МИА директорот на МЖ Транспорт а.д. Скопје Оливер Деркоски.

  При несреќата, вели Деркоски, со мали повреди се здобил кондуктерот од патничкиот воз, кој е пренесен на клиниките во Скопје, каде на преглед е упатен и машиновозачот, согласно безбедносните процедури. Нема повредени патници и за сите е органиизран превоз со автобус до крајната дестинација. Товарниот и патничкиот воз, појаснува Дерковски, се движеле еден зад друг кога дошло до сударот. Притоа од пругата излетал последниот товарен вагон, а уште три товарни вагони, како и патничката локомотива се малку изместени.

Нема големи оштетувања и се работи на оспособување на пругата од страна ан МЖ Инфраструктура. Според првичните сознанија, најверојатно причина за несреќата е човечки фактор, но треба да се почека на завршување на истрагата. Веднаш е проверена сигнализацијата и е утврдено дека е во ред, посочува Деркоски.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »