речник контакт

Велешани масовно се запишуваат против екстерното полагање

Поради големиот интерес се отвори нов пункт, на Сармаале,се продолжи рокот до следниот петок. Министерот вели доцна е

Петар Печков

 Повеќе од илјада велешани се потпишаа на петицијата против екстерното полагање, и со кое се бара тоа да се прогласи за пилот проект. Бројните технички пропусти кои се случија при полагањето, ги предизвикаа учениците, нивните родители но и професорите да го дадат нивниот потпис против екстерното полагање.Од вторникот до четвртокот, за три дена во Велес се собрани илјада потписи.

Радува фактот што покрај учениците и нивните родители има интерес и поддршка од самите професори и граѓаните кои ја препознаа и ја одобрија оваа иницијатива за прогласување на проблематичното екстерното тестирање за пилот проект вели Дејан Ристов кориднатор во Младинскиот образовен форум.

 Поради големиот интерес продолжен е рокот за собирање потписи до петок 12 јули,  се отвори нов пункт на плоштад Сармаале. Од 9 до 13 часот тука и попладне од 17 до 21 часот кај ресторан Панини, младите од МОФ ги собираат потписите, кои потоа ќе бидат предадени на Министерот за образование.

Тој пак се огласи уште вториот ден, дека овој чин е задоцнет и не може ништо да се смени. Но и покрај ваквиот негов став, велешани масовно се потпишуваат. Освен во Велес потписи се собираат и во 11 други градови во Македонија.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »