речник контакт

Велешани најмногу умираат од болести на срцето (анализа)

Според смртноста од болести на циркулаторниот систем Велес е при врвот во земјава. Двајца од тројца починати се од срце. Потоа следат неоплазмите, некој вид на рак со 20 отсто од починатите

Петар Печков

Најчеста причини за смрт на граѓаните на Велес  во периодот од 2008 до 2011-та година се болестите на циркулаторниот систем (читај кардиоваскуларен- срце). 

Статистиката покажува дека  373 се  починати  во 2008-та година, во 2009 година во Велес починати од овие болести се 398,  во 2010-тата се  329 и во 2011-та  358 лица.   Во 2011 година во Македонија  од вкупно 11.526 починати   59,2 отсто починале од болести на циркулаторниот систем. Во Велес процентот е повисок се движи овие четири години околу 63 отсто.  Иако бројот на починати лица од оваа болес во Велес е намален, сепак болестите на цииркулаторниот систем се најголема закана за човечкиот живот, велат докторите.  Велес е во врвот во земјава, на четвртото место  според болести на циркулаторниот систем.

Втора причина за смрт во Велес се неоплазмите, некој вид на рак, тумори.  Во 2008-та  се 103, во 2009-та  105, во 2010 –та се 122 и во 2011-та се  116 починати лица.

 
Еве како е состојбата со останатите болести и причини за смрт на велешани.

Според ендокрини, нутритивни и метаболички болести  смртноста  се движи во овој период од 23 до 27 лица.

Според болести на респираторниот систем бројот на починати се движи од 18 до 25

Повреди, труења или други надворешни причини умираа во анализираниот период по 15-тина лица годишно.

Според болести на дигестивниот систем бројот на починати за овие четири години се движи околу 12 лица

Според  болести на генитоуринарниот тракт годишно во овој период умираат по 10 лица.

Според нервни болести е минимален бројот на починати, до 5  годишно најмногу.

Според болести на кожата и на  мускулоскелетниот систем, во овој период нема починати.

 По десетина лица починуваат  годишно од непознати симптоми, непознати за медицината.
 
 Во Велес во анализираниот период починале во 2008-та се  587, во 2009-та се  612, во 2010-та  се  563 и во 201- та  се  582 лица.

Од Институтот за јавно здравје Велес  соопштуваат дека бројката на заболени од рак во градот е константна се движи околу 1142 лица, од нив 603 се жени и 539 мажи. Најмногу од нив една четвртина се случаи на рак на дојката, кој го има двапати повеќе од карциномот на дробовите и кожата, кои се на второ и трето место а потоа следи типично машка болест рак на простатата. Од  260-те заболени   велешани од рак на дојката има и 17 мажи. Останатите видови на рак во градот  се присутни во многу мал и низок процент.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »