речник контакт

Велешани по вода во Башино село

Секој викенд иста слика на селската чешма,редици за вода. Надлежните предупредуваат, водата да не се чува со денови и потоа да се пие

Петар Печков

Секоја сабота и недела  на селската чешма во Башино село иста слика. Редици од велешани кои трпеливо чекаат да наполнат вода од  овој природен извор. Иако водата во велешкиот водовод е со одличен квалитет и е од езерото Лисиче, дел од граѓаните  за да наполнат патуваат неколку километри до ова предградие на Велес. Полнат по педесетина литри за цела седмица.

Доаѓаме тука да полнам вода, заради прошетка но и да излеземе до дома. Ќе се прошетаме, чекаме некое време, муабетиме со луѓево што чекаат, бидејќи постојано има редици и така мине времето. Полниме повеќе десетина литри за да има до следниот викенд – велат посетителите на оваа чешма. Токму на ова реагираат од Институтот за јавно здравје, бидејќи водата не е таков продукт кој може да се чува и стои  повеќе денови.

Право на граѓаните е од каде ќе пијат вода, но мораат да имаат едно на ум. Водата која ја полнат може да се  чува  до два дена најмногу. Тие полнат за цела седмица и ја пијат. Таа тогаш не е така квалитетна, како кога се полни. Ова е култура на живеењето и не е добро да се користи вода стоена повеќе денови – велат од Институтот за јавно здравје. Но овие реакции не доаѓаат до ушите на корисниците, нив ги има секој викенд под селскиот јавор, на чешмата, во долга редица.

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »