речник контакт

Велешанката Кицевска Елена

Ослабела 71 кг за 15 месеци и од 136 кг сега има 65кг??!!

Петар Печков

Велешанката Кицевска Елена (30) за една година и три месеци успеала да ослабе 71 кило и 100 грама. Кога почнала да ја држи диетата Кицевска имала 136 кила, а денес има 65 кила и 100 грама. Со ова Елена го сруши и рекордот за слабеење во Македонија, кој беше постигнат пред три години од е скопјанка која ослабе 55 кила. Таа вели дека тоа и успеало со посебен режим на исхрана, само со јадења од македонската кујна, како што се турли тава, леќа, боранија, летна манџа и сезонско овошје.

Елена е медицинска сестра на одделот на хирургија во медицинскиот центар во Велес и целиот живот го поминала во држење диети. Проблемот го решила кога не можела повеќе да издржи и побарала помош од нутриционист.

- Дебелината од секогаш ме мачеше. Бев немоќна. Секогаш бев на диета , но килограмите едноставно се зголемуваа. Имаше денови кога ништо не јадев и буквално гладував. Но, немаше никаков ефект. Со дебелината си дојдоа и здравствените проблеми. Добив дијабетес, анемија и опстипации. Животот ми беше хаос. Не можев да си најдам ниту соодветна гардероба, па морав да ја шијам. Бев очајна и затоа решив да побарам стручна помош\" вели Кицевска.

Елена е пресеќна што се симнала на конфекциски број 40. Вели дека одлично се чувствува. Како да води сосема нов живот.

- Додека слабеев јадев буквално се, но во умерени количини. Најмногу слабеев јадејќи храна од македонската кујна и многу овошје. Кога моите пријатели ме прашуваат што јадам, јас им велев буквално се што ќе посакам. Не користам хемиски препарати, ниту пак гладувам. Моите пријатели денес не ме препознаваат на улица. Едноставно животот ми се промени од корен. Сега сум многу среќна и пред се, што е најважно, многу здрава. Сакам да нагласам дека без поддршката на моето семејство и од институцијата која беше задолжена за мојата диета никогаш немаше да ослабам. Секако дека имаше моменти кога сакав да се откажам од намерата да ослабам, но среќна сум што бев упорна и што издржав до крај\", додава Елена.

Кицевска вели дека по слабеењето забележала еден важен момент, а тоа е дека кога била дебела била привлечна за мажите.

- Како ги губев килограмите така забележував дека кога имав 136 килограми имав повеќе додворувачи. Сега имам чувство дека се плашат да ми пријдат. Можеби сега им изгледам суперсекси. Тоа не ми е важно, зашто сум пресреќна од резултатите и голема желба ми е да се најдам во Гинисовата книга на рекорди, вели таа.

Извор: Вест

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »