речник контакт

Велешанката Лана Басаров доби награда на 61 издание на ДАФ во Кочани за најдобра женска споредна улога

Таа настапи во претставата „Тивки жртви“ на МДПЦ Премиера“ според сценарио и режија на Анита Мирчева Станинова

Петар Печков

Награда за најдобра споредна женска улога на Драмскиот аматерски  фестивал (ДАФ) ја  доби Лана Басаров за улогата Лана во претставата „Тивки жртви“ во изведба на МДПЦ „Премиера“ од Велес.

Младата Лана има 15 години и таа посетува часови во Младинското драмско студио „Премиера“ од Велес.  Претставата е работена  по сценарио и режија на Анита Станинова Мирчева.

Претставата е за  тивките жртви кои  се борат со осудувањето од околината.Тие сакаат да живеат во свет со разбирање и љубов, свет без булинг, исмевање и агресија.

Одлуката за наградата ја донесе  жирито во состав  Пеце Ристевски претседател и режисерите Ненад Витанов и Елеонора Теова членови на комисијата, како и Владимир Тулиев претседател на управниот одбор на ДАФ.

На годинашниот 61 Фестивал на дрмаските аматери на Македонија, беа селектирани 16  претстави и се одржа од 20 до 26 мај во Кочани. Меѓу нив беа и  „Тивки жртви“ на Младинското драмско студио „Премиера“и  претставата „12-та  ноќ“ на   велешките гимназијалци.

Награда во категоријата за претстава за деца и младинци ја  доби „Валентајн, не благодарам“ во изведба на „Прва проба“ од Скопје. Наградата за главна женска улога ја доби Веда Мавровска за улогата Живка во претставата „Сомнително лице“ во изведба на Театарската школа „Бабец“ од Битола, а за главна машка улога – Драгослав Бранковиќ за улогата Санда Аризановиќ во претставатa „Аризани“ во изведба на Аматерскиот театар „Прокупље“ од Прокупље.

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »