речник контакт

Велешанка Ризовска е најсилната и најсексипилна пензионерка во Македонија

Душанка овие две титули ги доби на забава на пензионерите во Кавадарци

Петар Печков

Најсилна и најсексипилна пензионерка е младата пензионерка Душанка Ризовска од Велес, вака одлучи жирито на големата пензионерска забава на која присуствуваа стотици пензионери од целата држава а која неодамна се одржа во Кавадарци.

Таа ја доби титула откако претходно победи дел од колешките  пензионерки во натпреварот за кршење на лозови прачки под градите, на манифестацијата по повод верскиот празник Свети Трифун, заштитникот на лозарите. Како млада се занимавала со разни видови на земјоделство па и со лозје и додава  дека прв пат крши лозови прачки

Се чувствувам млада, витална и силна. Сеуште сум многу активна и не се давам, во душата се чувствувам како да имам 20 години. Мислам дека тоа се гледа и по мене. Прекрасно е со титулата што ја добив.  На пензионерките им посакувам  да бидат весели и да се дружат - изјави Ризовска.

Не планирала да се пријави на еден ваков натпревар, ама нејзините   пријатели ја пријавиле како најмлада и најубава во нивното друштво. Претходно немала учествувано на слични натпревари.

Најважно е дружењето и ширењето на позитивната енергија.  Јас сум спортски тип. Претходно пушев, но ги оставив цигарите. Пред  ручек со сопругот пивнуваме по една две чашки ракија со мезе. После ручек може и винце со мерка,  го обожавам црвеното. И тука наздравивме малку пред натпревар, за загревање - откри велешанката Душанка.

Таа своевремено работела во Македонскиот Телеком, а  како технолошки вишок  ја чека првата пензија. На натпреварот се пријавија голем број на пензионерки, кои со многу жар и желба се натпреваруваа која најбрзо ќе  ги искрши прачките од лозјето.

                            автор на текстот Светлана Дарудова

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »