речник контакт

Велешанка ветувала лажно работа во Ван Хол,

Парите од оштетените А.М. (34 год) по 500 евра ги земала, но не ги вработила

Петар Печков

СВР Велес  поднесе кривична пријава лицето А.М. (34) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „измама“. Три лица  од Велес, во  текот на месец мај 2016,  оствариле контакт со пријавената А.М. со цел да се информираат за вработување во Фабриката за автобуси „Ван Хол“.

Таа им ветила дека  им обезбеди вработување во наведената фирма.  За наводната услуга осомничената  на лицата им побарала паричен надомест од 500 евра по лице. Од страна на трите лица на пријавената лично и била исплатена побараната сума на пари, но, до денот на пријавувањето на кривичното дело во СВР Велес,  измамените лица не се повикани на разговор или вработени во Фабриката за автобуси „Ван Хол“, како што било договорено, ниту пак, им се вратени паричните средства. Против пријавената А.М. претходно не се поднесувани кривични пријави  поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела. 

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »