речник контакт

Велешанка присвоила 2,5 милиони денари за што доби година дена затвор

Велешанката Билјана Андовска (42 год) доби една година затвор за злоупотреба на службената должност и на тој начин ја оштетила приватната фирма „Бабуна градба“.

Петар Печков

Велешанката Билјана Андовска (42 год) доби една година затвор за злоупотреба на службената должност и на тој начин ја оштетила приватната фирма „Бабуна градба“.

Таа како благајник во фирмата, во период од три години од февруари 2002-та до април 2005-тата, додека сопственикот бил во болница, со преправка на фактури, со фалсификување потпис и без овластување противправно присвоила 2,5 милион денари, кои со пресудата ќе треба да ги врати во целост.

Андовска во 25 наврати од две велешки фирми за нејзини потреби купила стока во висина од 632 илјади денари, при што на списокот се телевизор, клима уред, регал, фотелји, маса, столици, музички систем, фрижидер, бојлер, златен накит,15 своч часовника, десетина скапи парфеми.

Таа 11 пати ги преправала готовинските налози со допишување на бројки пред нив со што си присвоила 141 илјади денари и во 14 наврати фалификувала потпис за готовинска исплата и земала 1,75 милиони денари.

Откако сите овие дела што таа ги сторила биле докажани, Основниот суд во Велес, Андовска ја прогласи за виновна и и одреди казна затвор во времетраење од една година. 

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »