речник контакт

Велешанка со американски пасош, урна три македонски рекорди на СП во Истанбул

Пливачката Анастасија Богдановски на три трки на СП во кратки базени постави три нови национални рекорди

Петар Печков

Три трки, три државни рекорди за кратки базени. Ова и успеа на младата македонска пливачка Анастасија Богдановски, родена во САД.  На првото сериозно натпреварување таа го покажа своите квалитети, но и потенцијали.  Светското првенство во Истанбул, за кратки базени беше нејзин блесок откако на 50, 100 и 200 метри слободно го подобри македонските рекорди, за кратки базени и тоа во три дена.

Пливањето е моето втор јас. Сакам вода, сакам да пливам, да се натпреварувам. Најголема моја желба е да се натпреварувам за Македонија на Летните Олимписки игри во Рио, во Бразил  во 2016-та година. Многу е напорно да се постигнат овие резултати, но имам силна желба да бидам се подобра и подобра, иако тренинзите ме исцрпуваат. Сакам да освојам и некое од првите три места на националното американско првенство на студените – вели Анастасија Богдановски по враќањето до Истанбул.

Таа е родена на 30-ти јули 1993-та во Њујорк од родители Македонци, мајка Надица Јаричкова  која е велешанка и татко Атанас. Започнала со пливање на пет годишна возраст, за на 13 години започне да се натпреварува  со јавање коњи. На пливањето му се враќа во трета година Гимназија, каде за локалното училиште постигнува добри резултати на национално ниво. Ланското лето 2011-то се натпреварува на јуниорското национално првенство на САД а подоцна и на националното УМЦА првенство. Богдановски го држи рекордот на 100 јарди слободно за нејзиниот универзитет.

Анастасија плива за ПК Вардар а нејзин тренер е Боро Блажевски. Досега во САСД како Македонка се натпреварувала на два пливачки митинзи во Индијанополис и на Флорида. Има настапени и на ЕП во Дебрецин Унгарија, секаде со сопствени средства. Таа е државен првак на 50, 100, 200 метри слободно, 50 метри грбно и носител на македонски рекорди на патеките од 50 и 100 метри од 50 метарски базен. Богдановски откри дека во Истанбул прв пат пливала на 25 метарски базени, оти во САД пливаат во базен со должина од 25 јарди. Анастасија студира Јавно здравство, одлична ученичка е со просек А. За да стигне во Истанбул, морала да ги полага сите испитите пред време.

На Светското првенство   за кратки базени, македонската репрезентативка  Анастасија Богдановски  постави три нови државни рекорда на патеката од 50 метри слободно исплива за 26,48 секунди што е подобро од досегашниот за 0,76 стотинки.  Богдановски постави нов рекорд и на патеката од 100 метри кој го исплива за 56,75 сек. и  беше подобра од стариот за 1,61 секунда, додека на   200 м. пливаше 2.06.18 што е за без малку три секунди подобро од досегашниот рекорд.

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »