речник контакт

Велешката Гимназија четврта по успех во земјава

Учениците од ,,Кочо Рацин,, имаат просечен успех од 4,42.Каков успех имаат останатите три средни училишта од Велес

Петар Печков

Министерството за образование и наука ги објави резултатите од просечниот успех на учениците од средните училишта во Македонија за наставната 2017/18.  Гимназијата ,,Кочо Рацин,, е на високото четврто место со просек од 4,42. Пред неа се Гимназијата ,,Орце Николов,, од Скопје со 4,64, втора е Гимназијата ,,Раде Јовчевски Корчагин,,  од Скопје со 4,5 и трета е Гимназијата ,,Св. Климент Охридски,, од Охрид со 4,45.

Овој просек не прави горди на тоа што го работиме, како им ги пренесуваме знаењата на учениците, како работат нашите наставници. Ова е обврска за оваа учебна година, да го задржиме овој просек но и да го надминеме - вели директорот Гоце Алексоски. 

За да може да се има овој просек, Алексоски додава дека е важно какви ученици ќе се запишат во првата година, каде вообичаено доаѓале одлични ученици, со висок просек во основното образование. Во прва година основците  ќе можат да се запишат во  природно-математичко подрачје, општествено - хуманистичко подрачје и јазично -уметничко подрачје.   

Како една од најстарите образовни институции во државата имаме своја репутација, во смисла на организација  на наставата. Години наназд бележиме одлични резултити во успехот на учениците. По завршувањето на учењето повеќето завршуваат на  студии на различни факултети. Затоа можеме да се пофалиме со кадар кој завршил во оваа образовна институција. Даваме широк спектар на проодност по завршувањето на овој степен на образование, учениците да продолжат на следниот - заврши Алексоски.   

Оваа година во Гимназијата ,,Кочо Рацин,, има 525 ученика во 23 паралелки а освен на македонски јазик се учи и на албански јазик.

Во Македонија 22 средни училишта имаат просек над четири. Во останатите три средни училишта од Велес, просекот е следен: УСО ,,Димитрија Чупоски,, 3,93, Економска   Јовче Тесличков 3,43 и УСО Коле Неделковски 3,31. 

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »