речник контакт

Велешката полиција во контрола на угостителските објекти регистрирала случај на малoлетно дете во алкохолизирана сотојба

Mалолетничката била под дејство на алкохол, измерени биле 1,1 промили алкохол во крвта

Петар Печков

Во контрола на угостителските објекти викендов во Велес, полицијата регистрирала случај на малолетно дете-девојче која била во алкохолизана состојба. За случајот биле известени нејзините родители и јавен обвинител.

„Во  периодот од 21:00 до 01:00 часот, полициски службеници од СВР Велес извршиле акциска контрола на угостителски објекти на подрачје на Велес, за присуство на малолетници во угостителки објекти после 24:00 часот, за точење на алкохол на малолетници и нарушување на јавниот ред и мир со гласна музика од угостителски објекти. Во  00:20 часот во еден угостителски објект била затекната малолетничка послужена со алкохол и во присуство на родител, при извршени проверки било констатирано дека малолетничката е под дејство на алкохол, измерени и се 1,1 промили алкохол во крвта“ – соопштија од MВР Велес. 

Известен бил и социјален работник. По целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

фото:МВР

АНКЕТА »

Дали ВАР системот на последното СП во фудбал влијаеше на резултатите од одредени натпревари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »