речник контакт

Велешката поп-група „Ла Манш“ се врати на сцена

Со концерт на летната тераса на хотелот „Романтик“ на Велешкото Езеро, поп-групата „Ла Манш“ од Велес се врати на сцената.

Петар Печков

Со концерт на летната тераса на хотелот „Романтик“ на Велешкото Езеро, поп-групата „Ла Манш“ од Велес се врати на сцената.

По тринаесетгодишна пауза, членовите на групата: Иле Панов, вокал; Роберт Трајков, гитара; Роберто Панчевски, гитара; Горан Мишев, тапани; Владимир Тевчев, клавијатури и Борче Стојанов, бас-гитара, повторно се собраа и пред своите некогашни обожаватели ги свиреа песните од своите два издадени албума, „Јас и ти“ (1992 година) и „Напиј се за нас“ (1994 година).
 \"\"

Видно возбудени поради паузата, членовите на „Ла Манш“ воспоставија одличен флуид со публиката која, заедно со нив, ги пееше хитовите: „Како да и кажам“, „Се би било поинаку“, „На четврти кат“, „Напиј се за нас“, „93-та одлета“ и останатите. 

\"\"

Тричасовниот концерт на групата „Ла Манш“ не ја остави рамнодушна ниту помладата публика, која имаше можност да ги гледа нејзините настапи од пред една и пол деценија на видеобим.

Концертот покажа дека членовите на групата воопшто не заборавиле да свират, иако најголемиот дел од нив тринаесет години професионално не се занимаваат со музика.

Извор: Вест

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »