речник контакт

Велешката противпожарна единица

Велешката територијална професионална противпожарна единица покрива наголема територија во Македонија и таа е една од 14-те единици кои можат да интервенираат на целата територија на државата.

Петар Печков

Велешката територијална професионална противпожарна единица покрива наголема територија во Македонија и таа е една од 14-те единици кои можат да интервенираат на целата територија на државата.

Просечната старост на 25-те вработени е 44 години и има 4 специјализирани возила за гаснење како и 2 теренски возила чија старост е 35 години.

- Со овој фонд на вработени, техничка опрема и средства за работа не можеме да одговориме на потребите, бидејќи покриваме територија од општина Велес, Градско, Чашка. Последниот вработен е примен пред пет години во 2002-та а последно набавено возило за гаснење на пожар е во 2001-ва. Постојниот капацитет не одговара на потребите на противпожарната единица, но со максимален професионален однос на вработените ги решаваме проблемите. Потребни ни се и луѓе и коли - вели Ристе Мицев, командир на ТПП единица од Велес.

Според бројките за месец јуни гаснеле 27 пожари а најнапорно било на 27-ми, кога морале да интервенираат во 11 случаи. Во овој период освен што морале да гасат пожари, ваделе тело на давеник и тело на починати во сообраќајна несреќа. Во сета гужва, некој сограѓанин побарал да ја спасат мачката која се заглавила на кров од висококатница, што тие и го сториле.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »