речник контакт

Велешката чалгија, повеќе од еден век симбол на градот

Нема радосен момент во градот, каде не присуствувала Велешката чалгија, дали е свадба, крштевка, веридба, роденден, именден таа е дел од семејната прослава. Велешката чалгија постои повеќе од еден век и таа е една од обележјата на градот, заедно со Железниот мост, Градскиот саат, пастрмалијата...

Петар Печков

Нема радосен момент во градот, каде не присуствувала Велешката чалгија, дали е свадба, крштевка, веридба, роденден, именден  таа е дел од семејната прослава. Четворицата свирачи во чалгијата се на располагање 24 часа во денот, за велешани кои сакаат тие да им засвират за добро расположение.

Знаат и на полноќ да заѕвонат, ајде идете имаме бебе или детето  ни се сврши. За петнаесет минути ние сме таму и веселбата продолжува со чалгија. Не бараат и надвор од Велес, многу често сме во Скопје. Старите велешани кои се исселиле во главниот град, не почнуваат радост без нас. Чалгијата е оставина за Велес, традиција, култура – вели Тасо Павловски член на составот. Велешката чалгија постои повеќе од еден век и таа е една од обележјата на градот, заедно со Железниот мост, Градскиот саат, пастрмалијата .

За чалгијата своевремено чул и турскиот султан, по што ги повикал да му свират и бил одушевен од тоа што го слушнал – раскажува Шеро Асанов пензиониран чалгаџија, кој поради нарушеното здравје веќе н е е член.

Тој го продаде и стариот ут, кој е изработен пред повеќе од 150 години . Според историчарите, чалгаџиите во Велес се појавиле кон крајот на 19 век, кога почнала да се создава граѓанската класа. Песните што низ времето се создавале денес се сметаат за традиционални, а велешани се гордеат на „Кажи, кажи Миневер", „Што ми е мило ем драго сејмен да шетам низ Бузаана", „Што ми е мило ем драго на Којник дуќан да имам", „Деј мори Васе...".

Тие се само мал дел од чалгаџискиот репертоар. Нивните песни се на плочи, цедиња и на многу радиоснимки, заедно со „Распеани велешани". Сограѓаните ги паметат кога пееле заедно со Васа Пласкиева, најпознатата велешка  пеачка на стари велешки песни, но, за жал, малку од тие изведби се зачувани. Највозрасен  во составот е Шурки Алиев, кој и покрај годините 72, одлично и вешто дува во кларинетот.

Со музиката сум повеќе од 60 години. Како дете научив на  9 години и еве до ден денес свирам. Многу сум задоволен и среќен што и натаму ги забавувам луѓето, им внесувам радост во срцето. Памтам уште во јануари ме резервирале за јуни, јули за свадби. Можам да дувам и покрај годините. Колку Господ дал живот, толку ќе свирам. Не сум се посрамотил,  никој не рекол не чини. Ме исполнува оваа работа,  како велешка чалгија не помнат и бараат – објаснува Шурки.

Тој и покрај неодамнешната семејна трагедија, му почина синот, исто така член на составот, продолжи да свири со чалгијата.  Задолжен за песните во составот е Тасо  кој чука на дајре 35 години и  ги знае стие велешки стари нумери.

Ги учев од овој слушни, од тој слушни нешто, укради некоја песна  од ваму од таму  и така ги знам сите стара традиционални велешки песни. 45 години сум со музиката и сум слушал многу и сите ги знам.   Најбарана песна е Васе, Васе, танко Васе, тоа е химна на чалгијата, иако ги бараат и на Којник дуќан да имам, сејмен да шетам по Бузаана. Без чалгијата велешани не  можат. Ние свиреме ,,ала турка,, музика,  која  потекнува од  Турција, Сирија - вели Тасо.

Објаснува дека велешката чалгија го задржала оригиналниот состав  тоа е виолина, кларинет, џумбуш и дајре. Како чалгија постои и во други градови, но со изменет состав. Тасо додава дека хармониката не може да биде дел од чалгијата. Своевремено се знаело чалгијата оди прва па потоа сватовите од свадбата. Се знаел и редот за песните, која кога се пее и свири. Времето денес ова го сменило, но сепак кај дел од велешани и овие детали сеуште важат.  

Така по невеста се оди со Невестинскиот марш, после се друго а тој се свирел само во Велес на друго место не. Исто е и со Рамното Велешко оро. Пеш се одело по цел град од едниот дел на Велес до другиот, од Којник до Прцорек, до Бузаана до Мегдан а потоа до манастирот Св. Димитрија а тоа се километри пешачење.

Музиката ни е во душата на фамилијата. Не можеме без неа.  На времето имаше седум осум тајфи музичари, во 60-тите и 70-тите години сега сме само две останати  во Велес. Свадба во Велес без чалгија не бива. Задоволен сум  што постигнав со музиката – вели С`тки Мачев  кој во чалгијата  свири виолина 

Тој потекнува од познато велешко семејство коие има долга традиција во свирката.   Татко му Сулејман Мачев свирел кларинет. Прадедовците сите биле музичари, а посебно се истакнувала  неговата прабаба   која свирела  повеќе инструменти виолина, џумбиш, ут, дајре, и ги забавувала анамите во Велес. 

Семејната традиција ја продолжуваат внуците кои  учат музичко училиште Песните што народот ги создавал и со нив опстојувал, велешани и денес со задоволство ги слушаат, благодарение на чалгијата. Жичаните инструменти  џумбуш и ут ги свири  Асанов Демир.

Ги свирам сите жичани инструменти само виолина не знам. Ги научив од мајстор Шукри и постарите мајстори. Татко ми Али  беше  дел од чалгијата, свиреше на  дајре. Исто и од мајка ми страната Папуровци сите свиреле на  некој инструмент. Познатиот канонџија од МТВ Реџеп Пампур му е дедо.  Џумбшуот  го свирам на отворено и  кога нема озвучување, а кога сум во затворен простор со озвучување настапувам  со ут. Инструментите се на таткоми и се стари со децении.  Треба да остане запишано дека дел од велешката чалгија биле  и Масаар Хамат  кларинетистот кој свиреше пет децении со чалгијата. Тука е и Идавер Елезов  Мајата кој свиреше на дајре и  е заслужно име за чалгијата   - вели Демирче. 

Добриот глас на велешката чалгија надалеку се слушал. Така во 1902-та  за нви слушнале и во Стамбол, па виканти на свикра пред султанот биле  Арсо кеманеџијата, Јован Тончов –дајре, Ордан канонџијата, Никола Крле кларинет.

Во сараите на Босфор тие свиреле месец дена.Велешани паметат кога чалгиите свиреле и на погребот на еден од нивните  најпознати членови Ало Точнов.  Тасо пеел во Распеани Велешани и бил присутен на погребот.

Чалгијата свиреше ама немаше виолина, оти почина Ало а тој свиреше токму на тој инструмент. Кога умира артист му даваат аплауз, така и кога умира музичар   да му се свири оркестар. Мојата желба е слична, кога ќе умрам на гробот да ми сиври мајстор Шукри – вели Тасо.  

Заедно со родителите на С`тки и Али  дел од чалгијата,  кога свирел Ало Тончов бил и Шеро Асанов.   Тој е сведок на моментот  која велешани ја спомнуваат и е запишан во градската историја. 

Додека крај пресниот гроб сите плачеа, ние свиревме за последен поздрав на нашиот виолинист Ало Тончов, оти таков аманет ни остави, на погребот да му свири чалгијата.  Иако сите плачеа, а и нам солзите ни беа во очите, моравме да свириме - се присетува  Шеро Асанов,



      Заради желбите  на  велешани   Тасо го научил и монологот од  Коштана.

Не може на лажга пари да се земе. Поштено треба  да се изработи за поштено да се плати.  Ја бараа често Коштана, па отидов во библиотека ја земав книгата и го научив монологот во траење од десет минути наизус.Тоа што беше најзачајното.  Нема лага, луѓето платиле  и скааат да слушнат. Мора тој да го чепне слушателот во срце. И така Коштана е дел од нашиот репертоар.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »