речник контакт

Велешка питијада по осми пат

Многу велешани но и нивни гости, денес излегоа на главната улица, да ја пробаат питата пастрмалија, една од обележјата на градот

Петар Печков

Осмата ,,Велешка пастрмалијада,, привлече голем број гости во центарот на градот. Така старото велешко корзо,  кое одамна е изумрено овие два дена, денес и утре повторно е  шеталиште. Од плоштадот Сармаале, до споменикот Коњаникот, со часови се слева река од луѓе, не само од Велес. Петнаесет ресторани и шест винарници ги нудат нивните  производи, по промотивни  цени. ,,Питијадата,,  стана дел од обележјата на Велес, поради што е посетена од гости од соседните градови. 

Преку оваа манифестација, која е најстара од тако вид во земјава иако се одржува осми пат, докажуваме дека тука се произведува најдоброто вино, а  Велес ја прави најдобрата пита, во која има  јајца и пастрма и затоа така е именувана. Ако некој има дилема која пита е најдобра во Македонија, нека повели во Велес и ја вкуси најдобрата без конкуренција. Се друго е само лоша копија - вели Горан Петров градоначалник на Велес.

Тој најави дека нема да ја патентираат велешката пита пастрмалија, бидејќи немало потреба од таков чин.  Организатор на ,,питијадата,, е општина Велес заедно со Вардарскиот плански регион. .. Питијадата.. во Велес се одржува традиционално секоја година во средината на ноември, секогаш по третиот четврток во месецот, кога се запива младото вино.

Поради ова изминатите два дена, во велешките ресторани и кафетерии,  винарниците нудеа вино по промотивни цени. За потоа да се продолжи манифестацијата преку викендот со два дена понуда за пита пастрмалија.  Oд велешката железничка станица информираа дека за 50 отсто е зголемен приливот на патници во градот, гости кои допатувале со воз во Велес.  Велешките бизнисмени на пациентите од Општата Болница во градот, на тие што смеат да јадат, им испорачаа 50 парчиња пита пастрмалија.

Во музичкиот дел од ,,Питијдата,, учествуваат Наум Петрески, Зуица Лазова, Ани Малинкова, Мишко Крстевски, групите Соната, Виртус, Коткел бенд, велешката чалгија, распеани Велешани.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »