речник контакт

Велешкиот моторист Сугарев четврти на мото трките во Бугарија

Во дебитантскиот настап на меѓународна сцена, Марин Сугарев стигна до првите бодови, на отворениот Источно-европски шампионат одржан во близианта на Плевен

Петар Печков

На вториот натпревар од отворениот Источно-европски шампионат во мотоциклизам на кружни патеки кој се одржа викендов на патеката Долна Митрополија крај Плевен (Бугарија), македонскиот претставник Марин Сугарев во класата до 125 ссм го освои 4-тото место.

Младиот велешанец во својот деби настап успешно ги комплетираше 8-те предвидени кругови на 3.400 метри долгата патека и стигна до првите 13 бодови во меѓународна конкуренција.

Победник во најмалата класа беше минатогодишниот шампион Адриан Киуждеа од Романија, пред бугарската натпреварувачка Жулиета Ленкова и уште еден романски мотоциклист Денис Браеску во конкуренција на 11 натпреварувачи.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »