речник контакт

Велешкиот пазар пуст и празен, само 36 пазарџии од 115 најавиле дека ќе останат

Нема закуп на тезги ако не се повлече Законот за трговија на зелени пазари, предупредуваат организаторите на пазарот

Петар Печков

Новиот Закон за трговија ги избрка земјоделските производители од пазарите.  Но и предизвика силни реакции во јавноста, па дури и ја претставниците на власта кои го донесоа Законот.

Со новиот Закон за трговија на зелени пазари, кој не на сила од први месецов,  паразџиите ќе го остварат правото на пензија,  но плаќањето лиценци за тезгите од 60, односно 40 евра на годишно ниво, е неприфатливо за нив.

И пазарџиите но и сопствениците на пазарите,  велат дека Законот е правен во канцеларија, без чувство за една од најранливите категории граѓани, дека ќе ги остави без профит кој и онака тешко го остваруваат во зимските месеци и дека тоа оди кон  затворање на пазарите.

Сликата на велешкиот пазар по Нова година,  е најдобра илустрација за состојбата. Празни тезги, нема пазарџии, само прекупци кои нудат овошје. 

На велешкиот пазар има 115 тезги под закуп, ако овој закон остане ќе се заминат 79 - кажа Љупче Лазевски раководител на РЕ Пазари при ЈКП Дервен. Или ќе останат само третина од досегашните закупци на велешкиот пазар. 

Во пракса тоа значи ако некој има зелка тој ќе мора да вади лиценца и да работи само еден месец на пазарот, да плаќа придонеси како и тие што се 12 месеци на пазар - вели производител на зелка.   

Поради овој проблем Групацијата на организатори на пазари при Стопанската комора на Македонија одржа средба, со претставници на повеќе парламентарни групи од Собранието, каде ги кажа проблемите.  Критики од организаторите дека законот од пазарите ќе ги избрка вистинските земјоделци.

Пазарите нема да потпишуваат договори за закуп на тезги со пазарџиите додека не се повлече Законот за трговија на зелените пазари или се одложи неговата примена за да се усогласат решенијата меѓу заинтересираните страни  - најавуваат  од Групацијата на организатори на пазари. 

Тие укажуваат дека ограничувањата за тоа кој може да продава на зелените пазари, би можело да предизвика и зголемување на „сивата“ економија преку трговија на нерегистрирани продажни места што е спротивно на интенцијата на законодавецот за регулирање на трговијата на зелените пазари.

Покрај овој издаток пазарџиите ќе треба да платат и закуп на тезга, а треба да платат и за здравствено и за пензиско осигурување.

Од Групацијата велат дека до сега, во Новата година,  ниту еден пазарџија не поднел барање за потпишување договор за закуп на тезга.

Доколку законот остане на сила, се загрозува дејноста и се доведува во прашање опстанокот на зелените пазари. Ќе се намали обемот на работа, прометот ќе падне за 30 до 50 проценти ќе се намали прометот, а со тоа и приходите, како и бројот на вработени на пазарите а ќе паднат и даноците и придонесите кон државата - предупредуваат од Стопанската комора на Македонија. 

АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »