речник контакт

Велешкиот театар гостува во Белград, во Народно позориште

Со претставата ,,Жени,, ќе бидат отворени Деновите на Македонската култура во Белград

Петар Печков

 Со претставата ,,Жени,, на велешкиот Народен театар ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,, в петок во Белград ќе бидат отворени традиционалните Денови на македонската култура.  Манифестацијата со симболичен наслов „Допир на Македонија“ свечено ќе ја отвори почесниот амбасадор на македонската култура во Србија Зафир Хаџиманов. Отоврањето е  во Народното позориште во Белград, на сцената Раша Плаовиќ каде што ќе биде одиграна претставата ,,Жени,,.

Таа е работена по текст на бугарката Марија Станкова, режисер е Софија Ристевска а настапуваат: Маја Љутков, Кети Борисовска, Весна Димитровска и Славица Манаскова. 

Во рамките на Денови на македонската култура предвидена е богата повеќедневна програма, во која љубителите на македонската култура ќе имаат можност да се запознаат со различни културни содржини, наслови на книги на македонските писатели, изложби на уметничките дела, да уживаат во македонската музика и игра  или да пробаат некои од кулинарските специјалитети од богатата македонска кујна.

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »