речник контакт

Велешкиот театар готов следната година

Ново пролонгирање на рокот на изградбата. Догодина државата ќе откупи некоја велешка куќа со стара архитектура

Петар Печков

 Министерката за култура во саботната посета на Велес најави дека  новата зграда на велешкиот театар ќе биде готова следната година. До крајот на оваа во неа ќе се вселат актерите и персоналот, за да ја  подготват премиерната претстава.

 Се надевам дека  ќе го запазиме рокот за примопредавање на зградата на театарот. Не зависи се од инвеститорот, Министерството, туку од изведувачот и борјните фирми кои треба д а го запазат рокот. Се што е до нас е завршено и затоа треба другите да го почитуваат. Важно е и атестирањето на сценската технологија, Не можеме да ги пуштиме актерите на сцената така.   Изградбата на театарот привршува, сите фази се при крај. Ќе има  најсовремена сценска технологија – изјави министрката за култура Елизабета КанчEвска Милевска.

Таа пролетва при посетата на објектот најави дека тој ќе биде готов во септември и предаден на театарот а до крајот на годинава на сцената ќе се одигра првата прeтстaва. Досега неколку патот беше пролониран рокот за изградба на новата зграда на велешкиот театар, првиот беше за крајот од 2010-та за сега да биде во 2013-тата. Камен темелникот беше поставен  во мај 2008-та.

Министерката за култура при посетата  најави дека догодина државата ќе  откупи некои куќи, кои се споменици на културата од Велес, кои потоа би станале музеи, по рецептот на куќите на Kacaпови и на Џинот, кој ги купи локалната власт пред десетина години.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »