речник контакт

Велешкиот “Идол“ Мики Секуловски со нов сингл

Македонската музичка продукција е збогатена со новиот сингл на велешкиот „Идол“ Мики Секуловски. Станува збор за интересна рок балада со наслов „Почеток и крај“.

Петар Печков

Македонската музичка продукција е збогатена со новиот сингл на  велешкиот „Идол“ Мики Секуловски. Станува збор за интересна рок балада со наслов „Почеток и крај“. Музиката е на Зоран Алексиќ, аранжманот на Алексиќ и Ристе Шандаров, додека текстот го напиша Рената Кралевска. Мики Секуловски и продуцентот Зоран Алексиќ го најавуваат деби албумот на идолот да се појави до крајот на годинава. 

Освен со подготовката на првиот албум на македонскиот музички пазар во продолжение ќе се појават и неколку спотови на Мики Секуловски. Во овој период Секуловски е активен и со настапи по дискотеките низ земјава,  кои претставуваат вистинско уживање за сите оние кои го почитуваат неговиот вонсериски талент. Неговиот претходен сингл, минатогодишниот хит „Зошто мора да си ти“ сеуште е актуелен и популарен по радио станиците.  Еве ја и неговата веб страница: mikisekulovski.com

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »