речник контакт

Велешките Окинава карате претставници настапија во Белград

Меѓународна демонстрација на која учествуваа повеќе земји Русија, Украина, Грција, Хрватска, Македонија и организаторот Србија

Петар Печков

По повод 40 годишнината од постоењето и работењето на Окинава карате - Уечи Рју во Србија,  неделата во Белград беше организирана меѓународна демонстрација во која учествуваа повеќе земји Русија , Украина , Грција , Хрватска , Македонија и организаторот Србија со сите нивни школи од разни градови.

Македонската селекција  учествуваше како најмлада членка во светската ОКИНАВА КАРАТЕ ДО АСОЦИЈАЦИЈА – ОКИКУКАИ во состав  Боре Видевски, Љубомир Грданов, Радко Кузманов и Зоранчо Стојановски.

Во оваа демонстрација со една од формите ( катите ) карактеристични за овој Карате стил учествуваше и Боре Видевски кој е единствениот претставник за овој карате стил во Македонија.  Беше организирана и тренинг програма која траеше два дена во која учествуваа голем број следбеници на овој стил од сите земји кои присуствуваа на овој настан .

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »