речник контакт

Велешките висококатници без излез во случај на пожар

Велешките висококатници се малку заштитени во случај на пожар, бидејќи недостигаат противпожарни скалила, заедничките тераси се полни од лесно запалив материјал а хидранти нема.

Петар Печков

Велешките висококатници се малку заштитени во случај на пожар,  бидејќи недостигаат противпожарни скалила, заедничките тераси се полни од лесно запалив материјал а хидранти нема. Ова го покажа истражувањето за проектот на противпожарното доброволно друштво ,,Видра ,, од Велес. Тие посетија 30-тина висококатници во градот, од девет и повеќе катови, каде констатирале бројни неправилности, во однос на противпожарната заштита.

Во високо катниците има висок ризик за евентуални избувнување оган од повеќе причини. Пред се дотраената електрична мрежа, стара и по 30 години, запоставени се хидрантските мрежи, повеќето се украдени или неупотребливи. Во подрумските простории се чува лесно запалив материјал, течно и цврсто гориво, пластика, празни боци од плин, кој е потенцијална бомба, може секој момент да експлодира. На заедничките балкони има стар мебел, дрвенарија, иако овој простор во случај на пожар се користи од пожарникарите за гаснење, сега е окупиран и недостапен. Во овие простории се чуваат материјали  кои можат да предизвикаат повисоки температури а потоа и оган. Во малкуте згради каде има противпожарни скалила тие не се слободни, додека повеќето немаат, како пропуст на времето кога биле градени –  вели Љупчо Лепидовски претседател на ППД ,,Видра,,. 

Членовите на друштвото  делат флаери и одржуваат средби со граѓаните на кои непосредно им се укажува на опасноста од пожар во овие згради.

За жал состојбата не е ни малку добра. Во заедничките простории, терасите, станарите чуваат непотребни работи за кои не знаат што да прават со нив. Затоа е потребна заедничка акција на сите станари да ги исчистиме овој смет, во интерес на нашата безбедност и животи. Тие се претворени во магацини и се некорисни во случај на пожар -  вели Ката Ацева жителка на висококатница  на улица Ленинова.

Таа смета дека оваа акција на доброволците од ППД Видра е позитивен пример бидејќи ги анимира станарите и ги запознава со сите опасности при пожар. Во секоја висококатница во рамките на проектот, беше предаден противпожарен  куќен ред и мерки за заштита, кои ќе бидат поставени на влезот од објектот.

Безбедносната состојба е  многу лоша, зградите станаа ризични за живеење поради немање услови за противпожарна заштита. Секој кат имаше хидрант а сега се искрадени. Дали тие црева треба да завршат на некоја нива за полевање или  требаат за гаснење при пожар во зградата. Тоа е класичен криминал. Згора на тоа зградата нема протипожарни скалила,  бидејќи на времето  кога се граделе тоа  било премолчено, а денес гледаме дека тоа е крупен превид. Не дај Боже, како и што ќе биде ако пламне пожар, каде ќе бегаме  - Петре Трифунов жител во висококатница.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »