речник контакт

Велешките деца знаат дека имаат права, ама не знаат кои права ги имаат

Анкета меѓу средношколците за Законот за правда за деца. Во 2015-та деца сторители на убиство, силување, тешки кражби

Петар Печков

Спроведената анкета меѓу велешките средношколци и деветто одделенци, на тема дали ги знаат своите права но и обврски дала одговор дека тие   не се запознати со кои права располагаат.  

Опфатени беа 815 деца од средните училишта и девето ооделенци  а ја  спроведе  Локален совет за превенција од детско претставништво, кој работи во рамките на Советот на Општина Велес.  Така 60 отсто од анектираните не дале точен одговор, 10 отсто воопшто не одговориле на прашањето да набројат некои од првата и обврските на Законот за правда за деца.  Затоа пак дури 85 отсто знаеле дека постои овој закон. 

Многу мал број од анектираните знаеја некои од правата  кои им ги дава Законот за права на децата. Факт е децата не се запознати целосно со нивните права, заради тоа  потребно е да продолжиме  со нивно информирање. Но и да ги запознаеме со нивните одговорности. Кога децата би ги знаеле нивните обврски и права, би ги избегнувале девијантното  однесување, да не доаѓаат во судир со законот   – изјави Нада Трајкова претседател на Локален совет за превенција од  детско претставништво.  

45 отсто од прашаните не дале точно објаснување а 30 отсто воопшто не одговориле што е ,,дете  во судир со законот,,.  80 отсто не знаеле а 5 отсто не одговориле дали  знаат дека постои Локалниот совет за превенција до детско претставништво. Преку анкетата  било поставено прашање како, на кој начин најприфатлив да им биде презентиран овој Закон.  

Децата одговорија дека најдобро е да биде преку социјалните мрежи и така ќе дејствуваме. Некои бараа и со десеминација од нивните врсници – додава Трајкова.

Според бројките на годишниот извештај на Локалниот совет за превенција за 2015-та година,  СВР Велес до јавното обвинителство поднело 30 кривични пријави за 26 деца и тоа за тешка кражба, кражба, убиство, силување, тешка телесна повреда, одземање на моторно возило и загрозување на сообраќајот.  

Во извештајот се констатира дека бројот на деца  кои дошле во судир со законот е идентичен како и во 2014-та, со тоа што  е намалена бројката на повторници но е зголемена бројката на нови сторители.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »