речник контакт

Велешките земјоделци ги бараат парите од ланските поплави

Четири општини ги добија парите за обештетување од ланските поплави во февруари, велешките земјоделци не

Петар Печков

Велешките земјоделци  ги бараат парите од обесштетувањето  за поплавите кое го зафатија градот и околината минатиот февруари. Тоа се случи лани на 26-ти и 27-ми февруари, кога надојдениот Вардар поплави дел од  обработливите површини во месноста  Речани. Земјоделците од градот бараат по примерот на  неколку општини кои беа обесштетени и Велес да ги добие средствата за надомест на штетата.

Пред Нова Година надлежните од министерството за земјоделие и од финансии се пофалија дека на земјоделците од четири општини од земјава ќе им бидат исплатени средства  од некаде 53 милиони денари. Во нив не беше спомената општина Велес. Зошто нас  не ни даваат средства не знам, но знам дека комисијата од општина дојде и направи проценка. Голем број од земјоделците се пријавија а еве по еден година за нас нема абер дали ќе ни следи и колку – вели еден од земјоделците во Речани, кој секојдневно е на Градскиот пазар и ја нуди својата роба.

Во декември Министерството за финансии, со одлука на Владата, исплати на земјоделците  53.533.253 денари по основ на штети настанати од елементарни непогоди во општините Струмица, Кривогаштани, Штип и Кичево. Истата е надомест за штетата  настаната од невремето со дожд и поплави од февруари лани. На оваа листа не е Велес.

Штетата од излевањето на реката Вардар  кај Велес, кое се случи на 27-ми февруари  во месноста Речани  причини 3,2 милиони денари штета.   Тогаш на вонредна седница на Советот на Општина  Велес беа прифатени 22 барања   при што се уништени се 5,5 хектари површина со раноградинарски култури. 

Овие сопственици се пожалија дека не можат ниту да ги осигурат површините, оти компаниите кога ќе дознаеле дека имотот е до реката  не се согласувале да работат или пак барале високи премии.   Констатирана беше штета и кај неколкумина сопственици на фолии и придружна опрема. Имаше штета и кај 23 семејства го градот, каде поројниот дожд ја оштети покуќнината, белата техника и мебелот, откако водата навлегла во домовите. Проценетата штета во овој случај е 650 илјади денари или вкупно за Велес 3,85 милиони денари.

Земјоделците од велешко од Речани   не го добија  обесштетувањето од поплавите во декември 2010-таа година. Но не се тие единствени. Не се обесштетени ниту граѓаните од поројот во Потокот кој  се случи летото 2008-та, поројот во 2009-тата.

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »