речник контакт

Велешките извидници во Србија

Велешките извидници во втората половина на месец јули учестуваа на 7-та Смотра на извидниците на Србија, која се одржа во Ниш, во меморијалниот спомен парк Бубањ поток.

Петар Печков

Велешките извидници во втората половина на месец јули учестуваа на 7-та Смотра на извидниците на Србија, која се одржа во Ниш, во меморијалниот спомен парк Бубањ поток. Средбата се одржа од 21до 31 јули и беше под мотото „Пронајдете се самиот“ а учестуваа околу 2,5 илјади извидници од 12 земји: Англија, Бугарија, Грција, Малта, Црна Гора, Шкотска, Словенија, Романија, Хрватска, Франција и домаќинот Србија. Од Македонија освен извидниците од одредот „Димитар Влахов“ присуствуваа и членови на поречанскиот одред „Сидро“ од Скопје и „Скаут“ од Куманово. Во десетте дена учесниците на смотрата ги реализира следните активности: духовност, традиционално извидниство, наука и техника, помош на локалната заедница, култура, спорт, прва помош и заштита. Предводник на македонските извидници беше Ангелче Гушев кој е задоволен како тие се претставиле пред колегите од повеќе европски земји а понудените активности ги оквалификува како атрактивни и содржајни.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »