речник контакт

Велешките комуналци со шест пехари на игрите во Охрид

Се натпреваруваа 17 учесника од ЈКП Дервен

Петар Печков

Претходниот викенд во Охрид  се одржа јубилејната 25-та Комуналијада на Синдикалните организации при СУТКОЗ , односно  на  вработените во Комуналните претпријатија, Угостителство и туризам и Заштитните работилници во Република  Македонија.

На истата учествуваа  23 синдикални организации,   со вкупно  552  учесника  кои се натпреваруваа во 13 дисциплини од кои 8 спортски (мал фудбал,шах,стрелаштво,пинг-понг, пикадо,кошарка,влечење јаже и куглање)  и  5  работни дисциплини (аранжирање на цвеќе,миење јавни површини,монтирање на водомер,одбележување на коловоз и изнесување на смет).

Како и на сите претходни, така и на оваа  јубилејна Комуналијада, учествуваа и синдикалците  при  ЈКП Дервен Велес. 

Се натпреварувавме во 6 дисциплини од кои 4 спортски и 2 работни и притоа освоивме 6 пехари во машка и женска конкуренција. За одбележување е да се напомене масовноста на игрите. Имено минатата година учествуваа 12 синдикални организации со 136 учесника а оваа 23 со  дури  552  учесника од сите  комунални  претпријатија -рече Љупчо Лазевски претседател на синдикатот при ЈКП Дервен.  

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »