речник контакт

Велешките наркозависници имаат желба да се лекуваат но немаат каде

Велешките наркозависници имаат желба да се лекуваат но немаат каде, бидјеќи во градот не постои метадонски Центар.

Петар Печков

Велешките наркозависници имаат желба да се лекуваат но немаат каде, бидјеќи во градот не постои метадонски Центар. Ваквата состојба ги одвраќа  од настојувањата да се излекуваат од зависноста бидјеќи мораат да патуваат во соседните градови, да плаќаат скапа метадонска терапија или пак да се вратат во пеколот на дрогата или за да обезбедуваат средства  за лекување да крадат. Тие бараат од локалните и државните инстиуции помош во итно отварање  во Велес на Центар за лекување наркозависници и реагираат што иако Дневниот центар веќе беше опремен и уреден, наместо тие во просториите се всели полицијата.

- За да примаме метадонска терапија мораме да патуваме до Штип или Кавадарци, кои ни се најблиски а каде има метадонски центри. Но за да стигнеме до таму мора да платиме автобуска карта а со кои пари кога и двајцата со сопругата сме невработени, живееме од социјална помош од 2,5 илјади денари. Со тие пари го одгледуваме и детето – велат двајцата сопружници наркозависници. Но нивната мака не завршува тука. Го посочуваат случајот со купувањето на метадонски ампули, на кои иако пишувало дека чинат 70 денари во велешките аптеки ги купувале од 170 до 300 денари.

- Иако ги има во сите аптеки, не можеме да ги набавиме, бидјеќи едноставно не ни ги продаваат. Или ако ги продаваат печалат на нашата зависност. Има неколку аптеки кои метадонот исклучиво го продаваат на скопски зависници за 5 евра, за нас нема. Пресметајте колку пари ни треба за еден месец. За да ги обезбедам треба ли да крадам и пак да одам во затвор – вели друг зависник. Тие за нивните маки проговорија на работилницата која ја организираше Општинскиот Црвен крст во рамките на проектот „Намалување на штетите од користењето на дрогата“. Меѓу бројните гости имаше и наркозависници  кои беа дојдени со нивните малолетни деца. Имаат една желба, подобра иднина за децата а затоа им е потребно што поскоро отварање Ценмтар за леквуање.

- Многу е значајно што овие лица имаат голема желба за лекување, но немаат можност тоа да го сторат во Велес. Нивниот социјален статус не овозможува секојденвно да патуват во соседните градови. Затоа е потребно што поскоро да се отвори метадонски центар  - изјави д-р Мартин Хаџинаумов, координатор на проектот. Бројките покажуваат дека во Велес има 250 регистрирани наркозависници, повеќето на интеревенозно користење дрога од кои дури 90 отсто се машки. Најмладиот е со само 16 години возраст. Само тројца од нив ја користат можноста да примаат еднократна парична помош  од Центарот за социјални грижи за патување до некој од соседните градови за тамошно лекување. Повеќето за ова не знаат. Отварање на Метадонски центар бараат и лекарите од примарното здрвство.

- Иако не смееме да препишуваме метадонска терапија, тоа мораме да го правиме бидејќи соодветно одделение во Болницата нема, нема ни Центар за лекување на наркозависниците – велат докторите. А Велес веќе имаше Дневен центар, кој беше опремен но не профункционира. Локалните власти му отстапија просторија на Министерството за здравство, која тие ја уредија, опремија но немаше кој да работи со овие лица. Центарот се наоѓаше при крајот на градот, немаше засегнати граѓани кои ќе реагираат на локацијата, така што беа исполнети повеќето услови тој да проработи. Сега во него се сместени службите на МВР кои издаваат лични карти, патни исправи и возачки дозволи.

- Бидјеќи просторот беше вон употреба неколку месеци, тој се пренамени. Но доколку надлежното Министерство пронајде персонал, лекари, стручни лица, ве уверувам дека просторија ќе се најде веднаш – изјави Славчо Чадиев претседател на Советот на општина Велес. Од друга страна Министерството за здравство се судрува со можноста доколку Центарот не профункционира во блиско време, да ги плати сметките, бидејќи истите се од странски донации со јасна цел, негово  уредување и опремување.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »