речник контакт

Велешките патници со железница погодени од штрајкот на машиновозачите

Се жалат дека се изложени на дополнителни трошоци за билет со автобус

Петар Печков

 Велешани се најмногу погодени од штрајкот на  машиновозачите на Македонски железници. Половина од вкупниот број патници ланската година кои се возеле со железницата е на релацијата Скопје – Велес и обратно. Револтирани се патниците со месечен билет, студентите и учениците, кои се изложени на дополнителни трошоци, бидејќи за да стигнат дома, мора да се возат со автобус.

Се најдовме во незавидна ситуација, за да дојдеме дома или стигнеме на работа да се возиме со автобус. Цената на билетот е 150 денари а веќе купивме два,  вчеравечер и денес утрово. Кој ќе ги надомести нашите трошоци за ова. Вработените нека си ги барат нивните плати, ама нека не не удираат на с по џеб – велат велешани кои патуваат со железница.

Од Велес кон Скопје со месечни билети патуваат 600 вработени и студенти. Поголемиот дел до нив утрово и не дошле на Железничката станица во Велес, туку веднаш се упатиле на автобуската станица, така што возот кој заминал кон Скопје немало голем број патници. Внатрешниот железнички сообраќај и денеска е во прекин откако вчера попладне машиновозачите стапија во штрајк. Причина за штрајкот, според Независниот синдикат на машиновозачите при МЖ Транспорт, е нередовната исплата на платите и ненавременото добивање сини картони. Тие најави дека штрајкот ќе трае се додека не се исполнат поставените барања.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »