речник контакт

Велешките пензионери втори на Регионалните игри (фото)

Повеќе од 300 учесници во Кавадарци се натпреваруваа во повеќе спортови и дисциплини

Петар Печков

Кавадарци беше домаќин  на  21-те  Регионални игри  на пензионерите.  Учество земаа повеќе  од  300 натпреварувачи  а меѓу  нив со 50 спортисти пензионери беа и велешани.

Се натпревруваа во   пикадо, мали голчиња, шах,   изведување  слободни фрлања во кошарка,  стрелање, атлетика - фрлање на ѓуле,  скок  од место, тегнење на јаже,  шутирање на мали голчиња, шах,   домино, табла.  

Велешани прво место освоија во  жени  - мали голови,   во ателтика,    шах мажи и  жени. На крајот севкупно првото место го освои домаќинот  Кавадарци а  втори беа Велес.  

На 21-те   регионални спортски игри на пензионерите учествуваа гости од  Велес, Кавадарци, Гевгелија, Дојран, Демир Капија,  Неготино,   Валандово, Богданци.  Победниците одат  на  завршницата од  Републичките игри. 

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »