речник контакт

Велешките пожарникари со помалку работа лани во однос на 2017-та

Најголем број интервенциите на пожарникарите биле во опожарени куќи и при шумски пожари.

Петар Печков

Велешките пожарникари ланската година имале помалку работа споредено со претходните. ова го покажуваат бројките на ТППЕ за  2018 година. 

Во Велес лани  имало вкупно 252 пријави за пожари и други интервенции, што е за 66 помалку отколку во 2017-тата кога имало 318 пожари и други интервенции.

Најголем број од интервенциите на пожарникарите  лани, биле во опожарени куќи и при шумски пожари.

Интервенции на терен на ТППЕ од Велес се на територијата  на општините Велес, Чашка и Градско а лани после подолго време се вработија 10 нови пожарникари. 

Заради превентива  ТППЕ, во текот на 2018 година, вршела и едукативни предавања за заштита од пожари помеѓу основците и средношколците од градот. 

 

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2019-та?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »