речник контакт

Велешките ракометари во странство

Велешките ракометни интернационалци Игор Тодоровски и (30 год) и Виктор Гигов во новата сезона ќе настапуваат во Грција.

Петар Печков

Велешките ракометни интернационалци Игор Тодоровски и (30 год) и Виктор Гигов во новата сезона ќе настапуваат во Грција.

Тодоровски потпиша едногодишен договор со атинскиот прволигаш Илисијакос. Леворакиот бек на новиот клуб ќе му се приклучи од оваа недела, од второто коло на Грчкото ракометно првенство. Илисијакос во новата сазона се надева на пласман во средината на табелата а доколку се укажала можност тие би обезбедиле и место кое гарантира пласман во евро-куповите. Тодовски веќе четврта година настапува во странство, претходно две години во Бурса Турција и лани исто така во Грција. Тој играше и за Борец, Пелистер и Металург.

Голманот Виктор Гигов (26 год)  се договори и наредната сезона да настапува за екипата на Калмарија од Солун. Гигов минатата сезона играше за солунскиот прволигаш, а екипата успеа да избори опстанок во најквалитетното грчко друштво, беше 10-та меѓу 14 екипи. Годинава со поголеми амбиции и засилен состав, били решавачко Гигов да се реши уште една година да брани на голот на грците. Тој повеќе години настапува во странство, беше  во Исланд, Хрватска а играше и за Младост и Борец во македонската супер лига.

Други двајца велешки интернационалци играат во странство, Влатко Темелков во Герамнија а Горјан Анастасовски во Франција, тие ги одработуваат вторите години од нивните договори.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »