речник контакт

Велешките соби на крајот од 19 и почетокот на 20 век (фото)

Како изгледале во времето на националната преродба

Петар Печков

 Велешката градска соба пред век и половина  била убав пример за уредување на внатрешноста на домовите. Имале функционален распоред, розети, аголни декоративни елементи.

Биле поставени  миндер( претходник на денешните седмоседи) , мусандра (вградени дрвени плакари без стакло) ,   мангал ( од метал) и лакањ (од глина) -  предмети кои служат  за греење  во простории каде има  задолжително проветрување, касела (варијанта на денешен регал или плакар).

 Ако  имало миндер тоа  е градска гостинска соба, каде се примаат гостите, ако има касела  тогаш е  градска соба. Фотографиите се од собите кои се дел од етнолошкото одделение при Народен музеј Велес. 

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »