речник контакт

Велешките спасители во акција за чистење на реката Вардар

Несовесни граѓани реката им е како канта за отпад, па фрлаат се и сешто

Петар Печков

Теписи, шипки, пластични шишиња, гранки, дрвја, колтуци за ловење риба  и дури еден кревет. Ова се беше извадено од реката Вардар во центарот на Велес, при вчерашното чистење, кое го изведоа волонтерите од ,,Македонски спасител,, здружение за безбедност на вода и планина. Тие неколку часа  работеа на еко-акција на чистење на коритото на потегот од мостот ,,Гемиџии до Стар мост, помогнати од комуналци- вработени на ЈКП Дервен, 

Токму на овој потег, на овие локации во текот на годината се одржуваат повеќе манифестации каде влегуваат во вода нашите сограѓани и затоа одлучивме овој дел од коритото на реката да го исчистиме - изјави Ангел Пановски, претседател на здружението. 

Во акцијата без вклучени дваесетмина волонтери на здружението кои освен коритото ги исчистија крајбрежните појаси. Оваа еко акција е дел од проектот „Чувари на вардарското крајбрежје” кој е поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање трае три месеци, а втората акција ќе се случи во текот на следниот месец. Членовите на здружението апелира до велешани да ги почитуваат законите и да не поставуваат предмети и фрлаат отпад во водите на Вардар. 

АНКЕТА »

Како го минувате времето дома во полицискиот час?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »