речник контакт

Велешките таксисти ја качија цената на возењето

Советот на Општина Велес нема донесено одлука за повисока цена на такси услугите- информираат од локалната власт

Петар Печков

Такси компаниите од Велес од почетокот на месецот возат по повисока цена. Наместо 40 денари старт, новата е 50 денари, додека километар останува 20 денари.  За оваа нивна одлука, патниците беа информирани преку фејсбук.  Но иако обврска е  новата цена да биде одобрена од Советот на Општина Велес, тоа овој пат не е случај. 

 Советот на Општина Велес нема донесено одлука за повисока цена на такси услугите.  Затоа надлежната инспекција е на терен.  Барањето на таксистите  ќе се најде на следната седница, откако еднаш претходно го повлекоа - информираа од локалната власт.  Патниците изненадени од покачувањето. 

Досега до мотелите на езеро Младост цената беше 150 денари, сега е 200, колку што е со дивите таксисти до Скопје. Сите покачуваат, па и таксистите. Но ќе треба да внимаваат и на условите во автомобилите   - велат велешани.  

Претставникот на легалните таксисти, Тони Јосифов, не одговори зошто возат со повисока цена, без одлука на Советот, од истата институција, од која бараат да ги заштити од нелегалните возачи.

Нас ни е одобрени 25 денари за километар а возиме за 20 денари. Одете видете каква гужва е во три попладне, кога ги земаме децата од училиштето Блаже Конески - беше одговорот на Јосифов. 

 Цената на градскиот превоз и натаму е 25 денари за возење. 

АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »