речник контакт

Велешките занаетчии металците ја празнуваа Василица

Секоја Василица се собираат занаетчиите кои работат со железо

Петар Печков

И годинава продолжи вековната традиција  на велешките занаетчии металци, да се слави верскиот празник Василица. Така е и секоја Василица, кога се собираат занаетчиите кои работат со железо. Така беше и годинава.

Прво околу стотина мајстори  беа  во манастирот Св. Димитрија а потоа во ресторанот Розе сала.  На манифестацијата има и доста млади мајстори, што ветува дека занаетот, прилагоден на новото време опстојува и има иднина.  

Годинава манифестацијата имаше два кума  браќата  Марјан Петровски Манче и  Зоран Петровски Манрели.  Тие  поседуваат работилница за  поправка на моторни возила, автомобили, камиони,  мотори..

Прво одиме на Манастир, таму се крева лепче, попот го пее.   Палиме свеќа за здравје, за бериќет. Така било од дамнина и ние ја продолжуваме традицијата. Откако ќе завршиме со црковнито обред, доаѓаме овде на дружење. Денес не работиме. Има доволно денови во годината за работа - вели  постариот брат, кумот Зоран Петровски  сопственик на машинската работилница Манрели. Тој меѓу другото гравира цртежи на  моторите и такви ги  извезува надвор од земјата.  Неговиот брат Марјан додава дека има доста млади во овој занает.

Се обидуваме да ја продолжиме традицијата.   Се живее од оваа работа. Кој сака да работи, има. Ништо не  е  лесно во животот - додва Марјан. На овој ден  се собираат занаетчии - автолимари, автомеханичари, електричари, уште некој ковач, механичари на велосипеди или некој што работи со железо.

АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »