речник контакт

Велешки поетски бранувања

Преку стиховите поетите од Велес и нивните колеги од други градови од земјава, презентираа дел од своите емоции

Петар Печков

Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ – Веле ја реализираше  традиционалната културна манифестација „Велешки поетски бранувања“.

Поетското дружење на поетите од повеќе градови од Македонија, се одвиваше во пријатна атмосфера на Ликовниот салон,  со  звуците на пијано и виолина, со младите таленти од музичкото училиште од Велес.

Преку  стиховите поетите  презентираа дел од своите емоции, изворно од длабочината на поетската душа и срце.

Домаќините, од велешкиот Клуб на писатели, заблагодарувајќи им се на гостите за нивното присуство и учество, заеднички посакаа овие поетски средби на современите актуелни писатели на македонската литературна сцена да продолжат со уште поголем ентузијазам и во иднина.

„Велешки поетски бранувања“ се одржаа  во соработка со општина Велес.

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »