речник контакт

Велешки театар со награди за актер(ка)

В сабота навечер,ќе се врачи и признaние за сценски работник. Во чест на наградените ќе се одигра претставата ,,Вдовицата се мажи,,

Петар Печков

Од годинава велешки театар воведува новина. ќе ги нaгадува најдобpиoт актер, актерка и сценски работник, кои се дел  од вработените во ,НУЦК Театар "Јордан Х.К-Џинот" . Тие ќе се доделат за посебен работен ангажман во остварувањето на годишната програма на театарот 

Управата на НУЦК Театар "Јордан Х.К-Џинот",  Велес ќе ги награди најдобрите вработени од уметничкиот и техничкиот персонал на театарот кои дале посебен придонес за квалитетот на театарските продукции од Програмата за 2017 година и претставите од репертоарот на театарот - изјавија од велешки театар.   

Наградите се состојат од статуетка, плакета и паричен износ и истите ќе бидат доделени во сабота, 23-ти декември, во 20 часот. Во чест на добитниците театарот ќе ја изведе претставата "Вдовицата се мажи", работена по текст на Чехов  во режија на Младен Крстевски. Тој настапува во претставата зеадно со Васил Зафирчев и  Марина поп Анкова. 

Утревечер пак  во 20 часот  во фаојето на театарот  е  ,,ВЕЧЕР СО ПОЕЗИЈАТА НА РИСТО ЈАЧЕВ,,  Модератор е  Сашо Димоски. Избор од поезијата читаат: Талија Настова, Жарко Спасовски и Фаик Мефаилоски  Музичка придружба: Сашко Костов. Ова е нова програмска активност  на театарот.

Во петок во 20 часот  е "СИНИОТ ПОРТОКАЛ"  од Џо Пенхол, во режија на Александар Ивановски. Настапуваат: Фаик Мефаилвоски, Самоил Стојанвоски и Жарко Спасовски.  Хуманитарна изведба за поддршка на проектот "Гуш и Бац" за реедукација на деца со Аутизам. 

АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »