речник контакт

Велешкото слатко на Јоми фуд ќе се брендира

Со идеја слаткото од вишна, портокал, дива капина, малина, зелена смоква, аронија и јагода да се врати на трпезата и кај младите

Петар Печков

„Јоми фуд“ од Велес е компанијата чие слатко ќе добие нов, автентичен дизајн и бренд-идентитет од млади креативци во рамки на проектот што го спроведува Движењето „Браво, сине“. Асортиманот на слатко од разновидно овошје, присуството во малопродажбата и користењето на домашна суровина, беа пресудни за изборот на „Јоми фуд“, меѓу повеќето компании кои се пријавија на повикот.

На повикот, од 17 јуни до 1 јули, се пријавија повеќе, но во потесниот круг влегоа две, ’Јоми фуд‘ и ’Бонвивер‘, која произведува интересни видови слатко, со додатоци - цимет, бадеми... Сепак, поради нејзината слаба застапеност на пазарот, избрана е ’Јоми фуд  рече Ангелка Пеева-Лауренчиќ, член на Управниот одбор на Движењето за поддршка на креативноста - Иво Лауренчиќ - „Браво, сине“.

„Јоми фуд“ работи осум години, присутна е на домашниот и на странскиот пазар. Насочена е главно кон производство на ајвар, но во портфолиото се и седум вида слатка, од вишна, портокал, дива капина, малина, зелена смоква, аронија и јагода по традиционален рецепт, со идеја да се вратат на трпезата и кај младите.

Со новиот дизајн очекуваме поголема продажба зашто слатката ќе добијат нов лик, ќе бидат попрепознатливи и привлечни за потрошувачите, нагласи сопственикот на „Јоми фуд“, Зоран Аврамов.

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »