речник контакт

Велигденска трпеза на жените од Велес

Дел од жените од градот покажаа уметност во декорирањето на велигденските јајца

Петар Печков

Организацијата  на жени од Општина Велес, традиционално секоја година организира  одбележување на Велигденските празници. Така и годинава, во Розе салата повеќе стотини жени се собраа на дружење, но и да претстават дел од нивната умешност во креацијата за изработка на шарени велигденски јајца.

Целта е да се негува традицијата, да ги одбележуваме празниците, да ги стимулираме младите да го продолжат тоа што го работиме повозрасните - рече Мирјана Трајковска претседател на Организацијаа на жени од Велес. 

Околу две децении се одржува оваа манифестација,  колку и Божикната трпеза, на која присуствуваше и свештеник од Повардарската Епархија на МПЦ  - ОА кој ја благослови Велигденската маса. Дружењето има кума, која има обврска да изработи колач, пармак, да донесе декорирани јајца, кои потоа се поделуваат на присутните во салата.

АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »