речник контакт

Велигденските надници во Дрекселмаер ни ги ветија на бина и со песна а не ги исплатија

Синдикатот им вети бесплатна пpавна помош и застапување иако не се нивни членови. Отпуштените работници се жалат и на мобинг

Петар Печков

Шеесетина велешани поранешни вработени во германската фабрика Дрекселмаер, која работи близу Кавадарци  своите права за отказните решенија  ќе ги барат на суд.

Бесплатна правна помош, иако не се членови на гранковиот синдикат им вети лично претседателот на СИЕР Ристески. Тој можеше лично да ги  слушне маките на вработените кои освен  поради отказите се жалеа и на мобинг од надредените. А се започнало поради неисплатените Велигденски надници.

Некој ден пред Велигден не викнаа во една  голема  хала, имаше бина, гласна музика. Како на митинг. Не знаевме што ќе се случи. По некое време дојде еден Германец од менаџментот и ни каже дека на Велик Петок и понеделник по Велигден ќе работиме. А ние помисливме дека нема да се работи. Но кажа дека нема да  има пари, ова нема да се плаќа. Го исвиркавме и тој побегна, ние се разотидовме – вели Дејан Симонов еден до 60-тината кои добиле отказно решение, затоа што  неодамна одбиле да работи поради неисплатени   а ветени Велгиденски надници.

Тие биле ветени подоцна, откако една смена го исвиркала решението да се работи ама да не се плаќа.

И нас не викнаа во халата, имаше бина музика, разглас. Германецот кажа дека ќе работиме но ќе добиеме по 2,2 илјади денари плус и 1,5 илјади во бон од маркет за пазарење. На 8 илјади плата 2,2  е една четвртина и не е  за потценување. Ама не ги добивме.  Јас дојдов на работа во прва смена а  третата цела ноќ не работела.. Тоа не беше штрајк  туку бунт поради неисплатените пари. И мене ме казнуваат дека сум бил организатор на штрајк и добив отказно решение. Со кола не префрлија до Велес, не во автобус. Колешка од Сирково со автомобил  ,,бмв,, ја однесоа до дома, само да не предизвикавме револт  во автобусот -  вели Коче Зафиров.

Тој се жалеше и на мобинг од страна на надредените кои на   работниците често им говореле дека ќе ги напуштат, ќе си одат дома, дека не ги бива, иако нормата секогаш била исполнета.   Пеце Ристевски претседателот на Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство се чудеше кога слушна дека вработените не  го добиле договорот кој го потпишале за вработување во Дрекселмер, дека  за Велигден наместо законското решение двеипол празнични  надници им бил ветен паушал.  

И покрај тоа што немаме синдикална организација во Дрекселмаер, на сите  вработени кои добиле отказно решение ќе им дадеме бесплатна правна помош и ќе ги застапуваме пред надлежниот суд. И покрај нашите напори што ги вложуваме не можеме   синдикално да се  организираме во оваа фабрика. И претходно пред месец и половина кога беа делени откази за вработените кои одбија да се качат во преполните автобуси ние им дадовме правна помош но тие не дојдоа да ги подигнат тужбите – изјави  Пеце Ристевски. .  

Во образложението за откажување  на  договорот за вработување пишува дека ,,работникот своеволно пристапил кон организирана група на работници, кои организираа штрајк,  кој е спротивен на Законот за работни односи,, За работодавецот штрајкот не бил најавен, е противправен и предизвикал материјална штета по нив, со неисполнувањето на деловниот  план и доцнење на испораката на договорените количества во даден  рок.

АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »