речник контакт

Велосипедски патеки во Велес

Одговор на советничко прашање, една има четири во подготовка

Петар Печков

Советничка Маријанка Мишева на 53-тата седница постави прашање: До каде е изградбата на велосипедски патеки во Велес?

Одговорот од локалната власт е следен:  Со програмата за уредување на градежно земјиште  во 2015-та  беа предвидени средства за изградба на велосипедски патеки. Согласно овие средства се издаде налог на  ЈКП Дервен  за изработка и монтажа на табли за велосипедски патеки на територијата на Општина  Велес.  Лани се поставија табли –ознаки за патека бр.1  Сопот (Питијада)  и се изготвија табли за поставување во наредниот период.  Со програмата за уредување на градежно земјиште  во 2016-та се предвидени средства за изградба на велосипедски аптеки и поставување на табли ознаки за четири аптеки. 

Патеката бр.1 е на релација Велес – Сопот- езеро Младост –Башино село – Велес, со должина од 31,7км старт од паркинг пред Топилница цел Градски парк.  Висинска разлика на патеката е 461 м. со највисока точка 405 м. н.в. Патката е обележана  со 19 метални столбови. Категоризација –оф роуд, поголем дел е неасфалтирана, селска земјен пат, мал дел е асфалтиран. патеката е средно тешка.  

Подготвени за поставување се следните патеки: 

Патека бр.2 Велес – Агриа –Црквино –Превалец –Велес 

Должина 14,5 км, висинска разлика 355 н. Највисока висинска кота 371 м.  

Категоризација оф-роуд, средно лесна 

Патека бр.3 Костурница, се вози Костурница – по Потокот -   Велес  должина 10,5 км. средно лесна, оф роуд

Патека бр.3 Рудник   се вози на релација езеро Младост – село Рудник, во должина од 17,2 км. 

Категоризација оф роуд, тежина -  средна највисока кота 495 м. н.в. висинска разлика 304 м. 

Патека бр.5 Поток  на релација Велес –  манастир св. Илија – село Караслари – бавчи покрај Вардар – Црна Џамија должина 19 км. категоризација оф роуд, тежина –средна.  Висинска разлика 321 м највисока кота  361 м. 

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »