речник контакт

Венчавка било каде и кога

Од денес тазе младенците можат да склопуваат брак каде тие сакаат и кога сакаат, како во серијалот ,,Се за љубов,,. Ова задоволство ќе ги чини од 50 до 220 евра плус

Петар Печков

Со денешната венчавка на мотелот ,,Романтик,, се официјализираше можноста младенците да  се регистрираат на место каде тие сакаат и во термин што им одговара. Ова се  новитетите и промените согласно Законот з а брак, кои стапија на снага од први јули. Тоа овозможува младенците да си одберат место на кое ќе се венчаат.

Ценовникот за ова задоволство е 3,3 илјади денари до далечина од 10 км и 6,6 илјади денари до 20 км. Овие суми се дуплираат ако младите решат да стапат во брак во ден кога е државен празник или недела,  и ќе платат  6,6 илјади  до 10 км и 13,2 илјади денари до 20 км.

Организаторот на венчавката има и дополнителна обврска да обезбеди превоз за матичарот и советникот кои ја извршуваат церемонијата. Тие треба да бидат донесени до местото и вратени назад.

Сите пари кои се собираат од оваа давачка се за државниот Буџет, за двете службени лица нема ниту денар.

Следната венчавка која ќе се случи подалеку до матичното, Ликовниот салон, е договорена за дваесетина дена а мeстото е бродот Панини.

АНКЕТА »

Дали Општина Велес да се задолжи со 46 милиони денари, за да се изгради покриен Градски пазар?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »